Радиото „Епархиски глас“, на Софиската митрополија, го објави својот прв целосен запис на аудио-книгата „Нашата молитва“ од архимандрит Серафим Алексеев (1912-1993).
Авторот ѝ е добро познат да православната јавност во Бугарија, по неговите духовни трудови и по катихизисот. Тој бил долгогодишен предавач во Пловдивската и во Софиската богословија, а исто така и на Духовната академија „Св. Климент Охридски“ (сегашен Богословски факултет при Софискиот универзитет).
Книгата „Нашата молитва“ е објавена од синодскиот издавачки оддел во 1994 година. Таа се состои од увод и дванаесет поглавја (254 страници):
-Што е молитвата;
-Различни видови молитва;
-Надворешна и внатрешна молитва;
-Вежби за достигнување на вистинската молитва;
-Како да се молиме кога сме оладени?
-Борба со расејаноста;
-Услови за да ни биде услишена молитвата;
-Зошто Бог честопати не ни ги исполнува молитвите?
-Молитва за ближните;
-Демонски пречки за молитвата;
-Плодовите на вистинската молитва;
Текстот на аудио-книгата го чита Ангел Карадаков. Поделена на поглавја, таа може да се слуша на платформите: youtube и spotify.
Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/audiokniga-nashata-molitva-na-arhimandrit-serafim-aleksiev