Светиот епархиски синод на Австралиската Архиепископија на Цариградската Патријаршија донесе одлука да стави крај на појавата на свештеници-инфлуенсери на социјалните мрежи, преку испраќање на официјално окружно писмо со конкретни насоки до свештениците и монасите.
На своето заседание од 14 до 16 април 2026 година Синодот, помеѓу останатото, се осврнал и на појавата на интернет проповедници и учители, за кои се забележува дека повеќе се грижат за лична слава одошто за спасение на душите на поверената им паства.
Во продолжение го пренесуваме известувањето во целост.
Заседанијата на Светиот епархиски синод на Архиепископија на Австралија, кои се одржаа од 14 до 16 април 2026 година, под претседателство на Неговото Високопреосвештенство архиепископот Макариј, во рамките на редовната сесија за периодот на Педесетницата, се завршени. Светиот синод темелно ги разгледа точките од дневниот ред и донесе соодветни црковни и канонски одлуки.
Меѓу другото, Синодот се осврна на појавата на зголемена тенденција кај одредени клирици да се промовираат на социјалните мрежи како проповедници и учители, барајќи повеќе слава слична на онаа на современите таканаречени „инфлуенсери“, отколку да покажуваат вистинска грижа за спасението на душите. Беше нагласено дека проповедта и поучувањето се пред сè и суштински одговорност на епископот. Поради тоа, Светиот епархиски синод ќе издаде окружно послание до сите свештеници и монаси на Австралиската Архиепископијата со конкретни насоки, со цел да се стави крај на оваа појава на секуларизација, која повеќе ја изложува отколку што ја унапредува Црквата и нејзината пастирска мисија.
На крајот, Светиот епархиски синод се моли за мир во целиот свет, а особено за мир во душите на сите луѓе, како што се молиме и на секоја Божествена Литургија: „за мир од висините и за спасение на нашите души“.
