Неодамнешната посета на Архиепископот Американски г. Елпидофор и членови на грчката дијаспора во САД на Белата куќа, по повод одбележувањето на Денот на грчката независност, ја потврди значајната улога што Цариградската Патријаршија традиционално ја има во односите меѓу двете земји.
Сепак, како што откри новинарката Марија Јахнаки во вчерашната емисија „Актуелности“ на радиото Пемптусија, оваа посета имала уште еден важен аспект. Архиепископот Елпидофор, побарал од Доналд Трамп да организира официјална средба во Белата куќа со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис. „Ова го кажа Архиепископот Елпидофор во разговор со Доналд Трамп по завршувањето на официјалниот дел, кога камерите беа исклучени“ – изјави Марија Јахнаки, додавајќи дека „Црквата секогаш помага во стратегијата и дипломатијата“.
Барањето на Архиепископот до претседателот на САД било поднесено во контекст на посетата што ја планира претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Според извештаите, тој ќе ја посети Белата куќа до мај, каде што ќе има официјална средба со претседателот Доналд Трамп.
Ова е силен показател дека Цариградската Патријаршија активно се застапува за интересите на грчката држава.
