По повод Меѓународната недела на бракот (7–14 февруари 2025), во храмот „Покров на Пресвета Богородица“, во Софија, Бугарија, ќе се извршуваат бесплатни црковни венчавки за парови кои веќе склучиле граѓански брак. Неговата Светост Бугарскиот патријарх Даниил дал благослов за оваа иницијатива.
Иницијативата ја организира „Асоцијацијата за општество и вредности“, која секоја година ја одбележува Неделата на бракот со разни настани што ја истакнуваат вредноста на брачниот сојуз, хармонијата во бракот и начините за надминување на тешкотиите.
Оние кои сакаат бесплатно да се венчаат во храмот „Покров на Пресвета Богородица“ во периодот од 7 до 14 февруари, ќе треба да приложат потврда за склучен граѓански брак и свидетелства за крштение.
Можноста да се снима во храмот за време на службата ќе биде бесплатна, а и сите административни трошоци за документите ќе бидат покриени од храмот. Единствено, ако младенците сакаат венчавката да биде со учество на црковен хор, ќе треба да ја платат таксата за неговото учество.
Со оваа иницијатива, храмот „Покров на Пресвета Богородица“ сака да ја истакне важноста на црковниот брак и да ги охрабри луѓето да го побараат Божјиот благослов во нивниот семеен живот.
Ова не е првпат некој софиски храм да се вклучи во иницијативата. Во 2015 година, старешината на храмот „Св. Недела“ и останатите свештеници ги намалија цените за венчавките во истиот период. Оваа година, храмот „Покров на Пресвета Богородица“ оди чекор понатаму – чинот на венчавката ќе биде целосно бесплатен, вклучувајќи ги сите административни трошоци за издавање на црковните брачни документи.
Извор: https://dveri.bg/component/com_content/Itemid,100723/catid,14/id,73944/view,article/