Во Културниот центар на Албанската Архиепископија, кој се наоѓа во близина на Катедралниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана, Албанија, на 3 мај 2025 година, се одржа Библиска Олимпијада.
Настанот, во кој учествуваа деца од Тирана, но и од други митрополии низ Албанија, беше организиран од Канцеларијата за млади на Архиепископијата. Присутен беше и Неговото Блаженство Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г. Јован, кој на децата им подари по една икона како благослов.
Децата имаа можност и да се поклонат на гробот на блаженоупокоениот Архиепископ на Албанија, г. Анастасиј.





