На болницата „Свети Јоаким и Ана“ под покровителство на Грузиската патријаршија ѝ беше врачена платинеста лиценца за квалитет од меѓународната организација „Accreditation Canada“. Настанот се одржа на 10 февруари 2025 година во Патријаршијата.
Наградата ѝ беше доделена на клиниката од страна на извршниот потпретседател на „Accreditation Canada“, г-ѓа Екатерина Тарасова (Канада), и менаџерот за европски развој на истата организација, г-ѓа Јулија Шчербина (Италија). Тие позитивно ги оценија промените имплементирани во болницата, кои овозможија исполнување на строгите критериуми за сертификација.
Од страна на Грузиската патријаршија, митрополитот Теодор (Чуадзе), и митрополитот Андреј (Гвазaва) му изразија благодарност на директорот на болницата, г. Вефхвија Одишарија, како и на медицинскиот персонал и администрацијата за нивниот труд и посветеност во исполнувањето и примената на меѓународните стандарди.
Вреди да се спомене дека „Accreditation Canada“ има признато 14.000 болници ширум светот, додека во Грузија, од вкупно 287 болници, само 9 поседуваат ваков сертификат. Радосна вест е што платинестата лиценца ја доби и Црковната болница „Давид Агмашенебели“ во Кутаиси.