Во митрополитскиот храм „Благовештение Богородично“ во Патра, Грција, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Патра г. Хрисостом, отслужи Божествена Литургија на свети Јаков Брат Господов, во чест на споменот на светиот апостол и свештеномаченик Јаков.
Мноштво верници го преполнија митрополитски храм во Патра, за да учествуваат во Божествената Литургија и да се причестат со Божествените и Пречисти Тајни.
Светото Причестување се изврши според древниот ранохристијански начин, односно одделно се даваше Светото Тело Господово, а одделно Чесната Крв, како што се причестуваат свештениците во олтарот.
Во својата проповед, Високопреосвештениот зборуваше за чествуваниот свети Јаков Брат Господов, за неговиот свет живот и учење, и за неговата маченичка смрт.
Исто така, прочита дел од Соборното послание на свети Јаков и ги протолкува деловите што се однесуваат на практичниот живот на верниците и на применувањето на Господовите зборови во дела, за да не останеме само слушатели на Господовите зборови, туку да станеме и извршители.
Исто така, го протолкува делот што се однесува на јазикот кој често се претвора во оган и „смртоносно“ оружје за нашите ближни, иако е предодреден да Го слави и благословува Бога и да ги успокојува луѓето – известува Ромфеа.








