Божествена Литургија пред Богородичниот појас во храмот „Свети Сава“ во Белград

Во храмот „Свети Сава“ во Белград на 6 јуни 2026 година беше отслужена Божествена Литургија пред чесниот појас на Пресвета Богородица. На Литургијата началствуваше Српскиот Патријарх Порфириј, а сослужуваше игуменот на светогорскиот манастир Ватопед, архимандрит Ефрем.

Литургијата беше отслужена непосредно пред заминувањето на Чесниот појас од српската престолнина и неговото враќање во манастирот Ватопед на Света Гора, по речиси тринеделниот престој во Белград.

Според организаторите, повеќе од 800.000 верници се поклониле пред големата богородична светиња за време на нејзиниот престој во Србија. Бројот на поклоници постојано растел, а во текот на целиот ден редиците пред храмот често надминувале еден километар. Поклоници притекнуваа пред светињата не само од Белград и од Србија, туку и од целиот регион. Организирани групи поклоници имаше и од Македонија.

Литија со Чесниот појас на Пресвета Богородица на Спасовден, славата на градот Белград се смета дека е најголемиот молитвен собир во историјата на овој град.

Како и при свечениот пречек, така и при испраќањето на Чесниот појас, Српската Православна Црква организираше достојно и свечено чествување на ова исклучително значајно духовно случување.

Во својот повик до верниците, Српската православна црква ги покани свештенството, монаштвото и верниот народ молитвено да учествуваат во испраќањето на Чесниот појас и да ѝ заблагодарат на Пресвета Богородица за благословот што го излеа врз Белград, Србија и српскиот православен народ.

„Да дојдеме во нашиот храм на Врачар за достојно да ги испратиме големата богородична светиња, почитуваниот игумен на Ватопед, старец Ефрем, и неговото свето братство. Да им заблагодариме за љубовта, единството, утехата, мирот и радоста што ни ги подарија“, се наведува во повикот на Српската црква.

Престојот на Богородичниот појас во Белград беше проследен со масовно учество на верниците и претставува едно од најголемите поклонички собири во поновата историја на Српската православна црква. Многумина го оценија овој настан како историски духовен благослов за српскиот народ и за целата помесна Црква.

Svečani ispraćaj Pojasa Presvete Bogorodice u manastir VatopedSvečani ispraćaj Pojasa Presvete Bogorodice u manastir Vatoped

Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//16722.spasovdanska-litija-sa-casnim-pojasom-presvete-bogorodice-ndashnbspnajveci-molitveni-skup-u-istoriji-beograda.html#