Божествена Литургија за првопрестолните апостоли во Верија

Со голема свеченост на 29 јуни 2026 година, беше прославен споменот на светите првопрестолни апостоли Петар и Павле, според григоријанскиот календар, во истоимениот стар митрополитски храм во Верија (Бер) во Грција, кој го прослави својот патрон.

Со ова се означи завршницата на триесет и втората меѓународна теолошка конференција „Павлија“ на која учествуваа архијереи од повеќето помесни Православни Цркви.

На Божествена Литургија началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Шведски г. Климент од Цариградската Патријаршија, кој го одржа и празничното слово. Во богослужението учествуваа: Преосвештениот Епископ Мареотски г. Дамаскин од Александриската Патријаршија, кој началствуваше на утрената богослужба; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Филипополски г. Нифон од Антиохиската Патријаршија; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Назаретски г. Киријак од Ерусалимската Патријаршија; Преосвештениот Епископ Липљански г. Доситеј од Српската Патријаршија; Преосвештениот Епископ Северински и Стрехајски г. Никодим од Романската Патријаршија; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Неврокопски г. Серафим од Бугарската Патријаршија; Преосвештениот Епископ Агарски и Цалкиски г. Григориј од Грузиската Патријаршија; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Месиниски г. Хризостом од Црквата на Грција; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Ѓирокастренски г. Натанаил од Православната црква на Албанија; надлежниот архијереј  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Веријски, Науски и Камбанијски г. Пантелејмон; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Китруски г. Георгиј; Преосвештениот Епископ Доменички г. Атанасиј, како и протојерејот г. Атанасиј Вудурис, претставник на Црквата на Кипар.

На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот Веријски упати поздравни зборови и им се заблагодари на архиереите кои учествуваа во свеченото празнување на основачот на локалната Црква на Веријците.

На Божествената Литургија присуствуваа локални политички и воени претставници и голем број благочестиви жители на Верија. За поклонение беше изложен дел од светите мошти на апостолот Павле, кои се чуваат во митрополијата.

По завршувањето на Божествената Литургија, архијереите и останатите гости се упатија во митрополијата во Верија, каде што митрополитот г. Пантелејмон им подари дарови за спомен и изрази топла благодарност за нивното учество на научните и богослужбените настани од триесет и втората „Павлија“.

Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/77382-polyarxieratiko-sylleitourgo-ton-protokoryfaion-apostolon-sti-veroia