Стотици, па дури и илјадници луѓе беа примени во Православната Црква во текот на Великиот пост, а особено на Лазарева и Велика Сабота во САД. Во март беше објавено дека само една епархија од една јурисдикција — Среднозападната епархија на Православната Црква во Америка — имала повеќе од 1.100 огласени (катихумени), а слична била состојбата и во други епархии и јурисдикции.
Некои храмови ги распоредиле крштевките во неколку викенди за време на Великиот пост, додека десетици парохии известиле дека примиле 10, 20, 50, па дури и повеќе од 100 луѓе одеднаш во Црквата.
Можеби најголемото поединечно примање се случило во храмот „Св. Андреј“ (Антиохиска Патријаршија) во Риверсајд, Калифорнија, каде што старешина е о. Јосија Тренам, а кој веќе со години бележи брз раст. Таму, 114 лица беа крстени во Православната Црква на Велика Сабота, известува „Патристик нектар“ — издавачка платформа основана од о. Јосија.
Други извештаи од социјалните мрежи, собрани од „Православие.ру“ (иако не се исцрпни), вклучуваат:
Лазарева Сабота:
- 14 примени во храмот „Св. Елисавета“ (Антиохиска Патријаршија) во Елизабеттаун, Кентаки
- 27 примени во храмот „Св. Екатерина“ (Православна Црква во Америка) во Карлсбад, Калифорнија
- 12 примени во храмот „Св. Марија“ (Православна Црква во Америка) во Хамилтон, Канада. Богослужбата ја предводеше архиепископот Иринеј Отавски
- 19 примени во храмот „Св. Порфириј“ (Цариградска Патријаршија) во Џексонвил, Северна Каролина
- 11 примени во храмот „Св. апостол Павле“ (Антиохиска Патријаршија) во Нејплс, Флорида
- 18 примени во храмот „Св. Јован Златоуст“ (Антиохиска Патријаршија) во Форт Вејн, Индијана
- 24 примени во храмот „Св. Петар“ (Антиохиска Патријаршија) во Форт Ворт, Тексас
- 14 примени во храмот „Св. Николај“ (Православна Црква во Америка) во Мекис Рокс, Пенсилванија
- 22 примени во храмот „Воздвижение на Чесниот Крст“ (Православна Црква во Америка) во Кернерсвил, Северна Каролина
- 33 примени во храмот „Св. Сава“ (Православна Црква во Америка) во Ален, Тексас
Велика Сабота:
- 34 примени во храмот „Христос Спасител“ во Блаф Сити, Тенеси
- 31 примени во храмот „Св. апостоли Петар и Павле“ во Солт Лејк Сити
- 11 примени во храмот „Св. Сава“ во Ален, Тексас
- 14 примени и 7 нови огласени во мисијата „Св. Сузана“ (Православна Црква во Америка) во Сонора, Калифорнија
- 26 примени во храмот „Св. Марко“ (Православна Црква во Америка) во Рочестер Хилс, Мичиген
Светла Сабота:
- 13 примени и 26 нови огласени во храмот „Св. Јован“ (Цариградска Патријаршија) во Амарило, Тексас



