Брутално убиен монах и повредени уште двајца во Свјатогорската лавра

Во неделата на 23 август 2026 година група непознати лица упаднала на територијата на Свјатогорската Свето-Успенска лавра на Украинската Православна Црква и извршила брутален вооружен напад врз монашкото братство.

Според сведоштвата на очевидци и дополнителните информации, нападот се случил околу 11 часот претпладне во близина на храмот „Свети Никола Чудотворец“, кој се наоѓа во горниот дел од манастирскиот комплекс. Група непознати вооружени лица во цивилна облека го нападнала манастирското братство, во чин кој присутните го оценуваат како однапред планирана акција.

Со особена, нечовечна бруталност бил одземен животот на монахот Варсонуфиј. Според информациите, неговото тело било пронајдено со повеќе убодни рани, а лицето било обезличено до непрепознатливост со ладно оружје.

Уште двајца жители на манастирот биле жртви на крвавиот напад и во моментов се наоѓаат во критична состојба, на интензивна нега во болница во градот Харков. Монахот Григориј има прободено белодробно крило, а лекарите се борат за неговиот живот. Во бессознание и со тешки убодни рани итно бил хоспитализиран и искушеникот Андреј.

Локалните жители, поклониците и православната јавност се обединети во ставот дека ова тешко злосторство не е само криминален чин, туку има очигледна политичка и верска заднина. Верниците потсетуваат дека во последните месеци Свјатогорската лавра била изложена на постојан притисок, а убиството на монахот се доживува како крајна ескалација на репресијата врз канонската Украинска православна црква.

„Ова е војна против верата. Бараат крв за да нè заплашат, но ние нема да се предадеме“, изјавиле низ солзи вознемирени парохијани, повикувајќи на објективна истрага.

Во моментов на местото на трагедијата работат оперативни истражни екипи, иако меѓу верниците постои сериозна загриженост дека вистинските виновници за ова мачеништво може да останат неказнети.

Црковната јавност е повикана на усрдни молитви за упокојување на душата на невино убиениот монах Варсонуфиј и за брзо закрепнување на ранетите браќа во Христа.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1CzE9n9SWU/