Со целосна едногласност, Светиот Синод на Бугарската православна црква денес го избра Неговото Преосвештенство Браницкиот епископ Пахомиј за нов Видиски митрополит.
Изборот на нов Видиски митрополит започна, по одлука на Светиот Синод, со служење на света божествена Литургија од архимандрит Јован – протосингел на Софиската Митрополија и протоѓакон Иван Петков.
По завршувањето на Литургијата, Неговата Светост, Бугарскиот патријарх Даниил, се обрати со слово во кое ги повика митрополитите-членови на Светиот Синод:
Нека, повикувајќи ја во усрдна молитва помошта на Светиот Дух, со чиста и добра архиерејска совест го исполниме нашиот архипастирски долг и да избереме канонски митрополит за Видискиот епархиски престол.
Според старешинството, митрополитите земаа ливче од Бугарскиот патријарх и потоа влегуваа во олтарот на Синодскиот параклис, каде што над светиот престол гласаа за еден од двајцата кандидати за Видиски митрополит, избрани на 2 февруари годинава во Видин.
Врз основа на добиениот изборен резултат, Бугарскиот патријарх Даниил, во име на Синодот, го прогласи Браницкиот епископ Пахомиј за канонски избран Видиски митрополит. Беше испеано и Многолетствие.



Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/sv-sinod-izbra-branitskia-episkop-pahomiy-za-nov-vidinski-mi