На 24 мај 2024 година се навршија 100 години од првото официјално црковно и државно празнување на споменот на светите браќа Кирил и Методиј во Рим од страна на Бугарската црква и држава, одржано во мај 1924 година, своевремено организирано од „Комитетот за организирање на прославата на Св. Кирил и Методиј во Рим“, по иницијатива на проф. Љубомир Милетич, претседател на Бугарската академија на науките и професор на Софискиот Универзитет.
Веќе четврта година по ред, со благослов на бугарскиот патријарх, како и со благослов и лично учество на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Западно и Средноевропски г. Антониј, на централниот олтар во ранохристијанската базилика „Св. Климент“ во Рим, при моштите на свети Климент папа Римски, свети Игнатиј Богоносец и свети Константин-Кирил Филозоф, беше отслужена света Литургија.
Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/chestvania-na-svetite-bratya-kiril-i-metodiy-i-denya-na-balg