Бугарски Патријарх Даниил: Не сум достоен за клеветите против мене, но тие имаат духовна полза

„Клеветите против мене доаѓаат од луѓе кои не се спокојни кога има мир и разбирање“ – помеѓу останатото рече Бугарскиот патријарх Даниил во интервју за Мартин Карбовски објавено на 14 септември 2025 година. На прашањето за медиумските напади против него, патријархот рече дека не е достоен за клеветите, но тие носат духовна полза.

„Човек, кога изнесува одредени тврдења, треба да имаат основа и да може да ги докаже. Јас не сум слушнал нешто што докажува поголеми врски од она што сме должни да го имаме како христијани, затоа што Господ Исус Христос ни заповеда да бидеме едно, да имаме единство и љубов меѓу нас. Колку и обвиненија да изнесоа против мене, не видов аргументирано тврдење дека имам некакви врски повеќе од она што должноста ми го наложува и бара од мене.“

„Господ Исус Христос какви ли не навреди поднесе. Јас не сум достоен за тоа, но во исто време Тој ни рече: ’тешко вам ако сите почнат добро да зборуваат за вас’. Така што оваа доза клевети, може да се каже, е еден имунитет – никако не е излишен, туку е полезен.“

Во врска со црковниот спор во Украина, Неговата Светост потсети дека вмешувањето на Цариградската патријаршија довело до канонски проблем. Единаесет од петнаесет помесни Цркви не ја признале новата структура создадена во Киев. Тој нагласи дека Бугарската православна црква го задржала општењето и со Москва, и со Цариград, и изрази надеж дека војната и црковниот спор конечно ќе најдат мирно решение.

„Постоеја такви несогласувања кои го прекинаа евхаристиското општење меѓу Руската православна црква и Константинополската патријаршија поради вмешувањето на Константинополската патријаршија во работите на Украинската православна црква. И каде се наоѓа Бугарската православна црква? Еве – 11 од вкупно 15 православни цркви не ја признаа таа црковна структура која тогаш ја призна и образува Константинополскиот патријарх. Тоа покажува дека има суштински канонски пречки, но во исто време Бугарската православна црква е во општење и со Московската патријаршија и со Константинополската патријаршија. Минатата година имаше неколку годишнини, на кои присуствуваа клирици на Вселенската патријаршија при осветувањето на храмот ’Св. Иван Рилски’ во Лондон. Таму сослужувавме со архиепископ Никита од Вселенската патријаршија. Тука, на секој значаен празник, со претставници на Руската православна црква служиме заедно, така што ние не го прекинавме тоа општење и мислам дека тоа е еден разумен пристап. Овој геополитички спор и војната во Украина мора најпосле да најдат мирно решение и да се реши и овој црковен прашање.“

Патријархот Даниил ја истакна важноста на личната молитва во забрзаното секојдневие. Според неговите зборови, од животно значење е секој христијанин да наоѓа време наутро и навечер за да остане насамо со Бога. Тоа, според него, е начин да се зајакне душата и да се зачува внатрешниот мир.

„Мислам дека е многу важно христијаните да наоѓаат време, може да биде 5–10 минути во текот на денот, за да останат насамо со себе и со Бога. Пет минути за молитва – наутро и навечер. Да се ослободиме од сите грижи, вознемирености, мисли и да останеме насамо со Бога. Тоа е животно важно. Господ вели: ’А ти, кога се молиш, влези во својата скришна одаја, и кога ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа во тајност, ќе ти возврати јавно’ (Мт. 6, 6).“

„За да ја зачуваме целината на душата, за да ги зачуваме душевните сили, за да можеме да ја живееме верата, неопходно е тоа да се прави секојдневно. Затоа е многу пригодно што постојат молитвеници – утрински и вечерни молитви. Да најдеме 5 минути наутро и 5 минути навечер за да останеме насамо со себе и со Бога. Тоа ја дава врската што ја храни душата за целиот ден, ни дава сила да ја надминуваме злобата на секојдневието и е вежбање надвор од злободневието, за кое зборував.“

Тој раскажа и за својот личен пат во верата. Откако сфатил дека Бог постои, сè друго му изгледало празно и бесмислено. Животот добил нова смисла – да учи да Го сака Бога, да живее со Него и да Го бара.

„Кога верата оживеа за мене и Бог ми даде да разберам дека Тој постои, тогаш природно животната мисија, смислата на мојот живот, доби ова изразување: да научам да Го сакам Бога, да научам да живеам со Бога, да Го барам, да се стремам кон Него. Тоа стана мојата животна мисија.“

„За мене, кога верата оживеа, кога поверував во Бога, тогаш да правам нешто друго што ќе остане само во овој свет, стана толку бесмислено и остана настрана. Сосема природно дојде и желбата да се посветам на монашки живот.“

Извор: https://spzh.bg/bg/news/p-daniil-ne-sm-dostoen-za-zloslovijata-sreshchu-men-no-nosjat-dukhovna-polza