Бугарскиот патријарх Даниил го започна Деветтото варење на свето миро во Бугарската православна црква

Бугарскиот патријарх Даниил го започна Деветтото варење на свето миро во Бугарската православна црква. Варењето на светото миро ќе се одвива во првите три дена од Страсната седмица во припратата на Патријаршиската катедрала „Св. Александар Невски“.

Претходно, во Патријаршиската катедрала беше отслужена Преждеосветена Света литургија од протојереј Антониј Милушев и протоѓакон Дејан Коруновски, а потоа Бугарскиот патријарх Даниил отслужи водосвет и ги попрска со света вода садовите и состојките за варење на мирото, и налеа света вода во садот за варење миро. Неговото Блаженство го прочита Првото зачало од предвидените евангелски читања. Додека се вари мирото, свештеници ќе читаат од Светото Евангелие и по старешинство ќе го мешаат казанот со состојките.

Со Неговото Блаженство сослужуваа епископите: Мелнишкиот Герасим – главен секретар на Светиот Синод, Тивериополскиот Тихон – Патријаршиски викар, Знеполскиот Мелетиј – ректор на Софиската духовна семинарија, Велбуждскиот Исаак – викар на Софискиот митрополит, како и архимандрит Јован – протосингел на Софиската света митрополија, храмовното свештенство и свештеници од главниот град, како и протоѓакон Дејан Коруновски.

„Автокефалните цркви, самоуправните цркви, го имаат тоа право да варат свето миро и тоа е еден од знаците на нивната самостојност, на нивното административно самоуправување“, изјави патријарх Даниил пред новинарите и објасни дека „светото миро служи при миропомазанието. Откако ќе се подготви, мирото се осветува, и на Велики Четврток Светиот Синод ќе отслужи Света Литургија. При неа се читаат посебни молитви, и веќе осветеното миро се користи при миропомазанието, а при неговото осветување се запечатува со дарот на Светиот Дух. Ова не е симболично дејство, туку суштинскиот живот на Црквата, и преку ова дејство Божјата благодат се пренесува на луѓето“, додаде тој.

Започна Деветото мироварене в БПЦЗапочна Деветото мироварене в БПЦ

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/balgarskiat-patriarh-daniil-polozhi-nachaloto-na-devetoto-mi