Бугарскиот патријарх Даниил ќе оствари мирна посета на Цариградската патријаршија

„По покана на Неговата Сесветост, Вселенскиот патријарх Вартоломеј, и по одлука на Светиот Синод на БПЦ – БП, Неговата Светост Бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Даниил ќе ја изврши својата прва мирна посета по неговиот избор и интронизација на патријаршискиот престол на Бугарската Православна Црква“ – соопштува интернет страницата на Бугарската Православна Црква – Бугарска Патријаршија.

Во соопштението е наведено дека посетата ќе започне на 25 декември, кога по новиот календар се прославува Рождество Христово и ќе заврши на 28 декември. На 26 декември Патријархот Даниил ќе сослужува со Патријархот Вартоломеј во храмот „Св. Георгиј“ на Фанар, а на 27 декември патријархот Даниил ќе началствува на светата Литургија по повод храмовата слава на бугарската црква „Св. Стефан“ во Истанбул, позната и како „Железна црква“.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/balgarskiat-patriarh-daniil-shte-napravi-svoeto-parvo-mirno–4