Бугарскиот патријарх Даниил разговараше со Ерусалимскиот патријарх Теофил

На 30 март 2026 година, Неговата Светост, Бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Даниил, оствари телефонски разговор со Неговото Блаженство, Ерусалимскиот патријарх Теофил III – известува Бугарската Патријаршија.

Во текот на разговорот, поглаварот на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија ја изрази својата загриженост поради вознемирувачките вести поврзани со продолжените воени дејствија на Блискиот Исток и информациите за ограничување на пристапот до храмот „Воскресение Христово“.

Ерусалимскиот патријарх го запозна патријархот Даниил со актуелната состојба во Ерусалим и регионот, истакнувајќи ги уверувањата што ги има дека богослужбите за време на Страсната седмица и пасхалниот период нема да бидат прекинати, а претставниците на Помесните цркви ќе имаат пристап до храмот за Благодатниот оган, како и секоја година досега.

Бугарскиот патријарх Даниил ја изрази својата безрезервна поддршка кон светата древна Ерусалимска патријаршија – „мајка на Црквите“, и кон нејзиното многустрадално паство, кое поминува низ големи искушенија.

Тој го увери својот собрат дека православниот бугарски народ секојдневно се моли за светата Сионска црква и за сите што страдаат од воените конфликти. Разговорот заврши со желби за мир во регионот и во светот, како и за светло дочекување на Празникот над празниците – Воскресението на нашиот Господ Бог и Спасител Исус Христос.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/balgarskiat-patriarh-daniil-razgovarya-s-yerusalimskia-patri