Бугарскиот Патријарх на Задушница направи помен за дедо Добри

На 14 февруари – Задушница, се навршија осум години од упокојувањето на дедо Добри, кој со децении собираше донации за храмови и манастири, станувајќи еден од најголемите дарители на Патријаршиската катедрала „Св. Александар Невски“ во Бугарската престолнина. По тој повод Неговата Светост Софискиот митрополит и Бугарски патријарх Даниил ја предводеше заупокоената богослужба во родното село на дедо Добри – Бајлово, во храмот „Св. Кирил и Методиј“.

Во своето слово на Литургијата патријарх Даниил рече: „Во третата подготвителна недела пред Великиот пост, светата Православна црква одредила да се спомнува Второто Христово доаѓање и Страшниот суд. Тоа е темата на утрешниот неделен ден. Во пресрет на овој спомен-настан светата Православна црква служи помен за сите од века упокоени луѓе кои живееле со вера во воскресението на Спасителот.“

Тој истакна дека православните христијани го очекуваат исполнувањето на ветувањето што Спасителот го дал – повторно да дојде и да му суди на светот, да му воздаде на секого според делата.

Патријархот додаде дека во сè треба да ја пологаме надежта во Бога и да не очајуваме, туку да пребиваме во молитва, да бдееме, та доаѓањето на Спасителот да не нè затече во гревови и пороци. „На денешниот ден светата Православна Црква нè повикува да се помолиме за сите од века упокоени православни христијани. Луѓе што живееле со надеж и вера во воскресението на Господ Исус Христос“, рече уште патријарх Даниил.

„Денес овде, во селото Бајлово, каде што е роден, живееше и почина дедо Добри, не можеме да кажеме дека во денешно време нема такви луѓе што вистински живеат по Бога. Тој е еден голем пример за сите нас.“ Патријархот истакна дека последните години од својот живот дедо Добри ги поминал во подвиг – пешачејќи до Софија од своето родно село за да собира средства за обновување на храмови и манастири кај нас. „Сите знаете во каква скромност и сиромаштија живееше… Од каде таа сила? Од каде таа надеж? Од Бога, од неговата молитва, од верата што ја имаше, зашто од него не можеше да се слушне празен збор. Не можеше да се слушне расипан збор. Не можеше да се слушне да мисли лошо за некого, туку што и да правеше – го правеше со благодарност кон Бога…

Погледнете која било негова фотографија и ќе видите каква светлина има неговото лице. Каква детска простота и чистота. Каква ведрина и радост од животот и покрај толку тешкотии. Од каде е таа сила, браќа и сестри? Гледаме денес дека кога ќе се сетиме на него – самата мисла за него е доволна да внесе ведрина во нашето срце.

Таа благодат, за која веруваме дека ја стекнал од Бога, и таа Божја сила што го крепела, и нам ни помага да се охрабриме, да ни дојдат сили и да си речеме дека има смисла човек да живее чесно, да се бори со неправдата, да се бори со унинието, да се бори со роптањето, да се бори со неверието, да се бори со маловерието, да се бори со зависта, да се бори со злобата, за да може чистотата на срцето и душата да засвети исполнета со Божјата благодат“, рече уште во своето слово Неговата Светост.

По светата Литургија беше отслужена панихида за дедо Добри и за сите упокоени православни христијани, а на гробот на дедо Добри, кој се наоѓа пред храмот „Св. Кирил и Методиј“, беше отслужена трисагија.

Слово на Българския патриарх Даниил по повод Задушница и осем години от кончината на Дядо ДобриСлово на Българския патриарх Даниил по повод Задушница и осем години от кончината на Дядо Добри

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/na-zadushnitsa-byaha-otbelyazani-osem-godini-ot-konchinata-n