Бугарскиот Патријарх се сретна со членовите на Синодот на Грузиската Црква

На 23 март, пред своето заминување за Бугарија, Неговата Светост Бугарскиот патријарх Даниил и црковната делегација предводена од него, по повод опелото на Грузискиот патријарх Илија II, се сретнаа со местобљустителот на овдовениот грузиски патријаршиски престол, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Сенакски и Чхороцкујски Шио (Муџири), како и со членови на Светиот Синод на Грузиската православна црква.

Во бугарската делегација учествуваа и Ловчанскиот митрополит Гавриил, ставрофорниот иконом Вениамин Павлов – клирик на Ловчанската епархија, д-р Александар Смочевски и Димитар Горанов.

Бугарскиот патријарх го изрази своето, како и на Светиот Синод на Бугарската Православна Црква, сочувство по повод упокојувањето на својот Грузиски собрат, патријархот Илија II. Тој уште еднаш го нагласи големото значење на блаженоупокоениот Грузиски патријарх за целиот православен свет.

Во текот на разговорите беа истакнати вековните духовни врски на братство меѓу бугарскиот и грузискиот народ.

Патријархот Даниил се заблагодари за топлиот прием и гостопримството од страна на домаќините и молитвено посака Бог да определи достоен наследник на блаженоупокоениот патријарх Илија II – се вели во известувањето од Бугарската Православна Црква.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/balgarskiat-patriarh-se-sreshtna-s-chlenove-na-svetia-sinod