Цариградската патријаршија избра уште еден епископ надвор од својата канонска територија, назначувајќи архијереј кој ќе раководи со нејзината егзархија во Литванија.
Одлуката била донесена на 26 мај, во Патријаршиската катедрала „Св. Георгиј“ во Истанбул, под претседателство на патријархот Вартоломеј I, пренесува грчкиот црковен портал „Фос Фанариу“.
Избран е архимандритот Панарет (Псаравацис), кој по својата хиротонија, закажана за недела, 31 мај, ќе ја носи титулата епископ Тамиски.
Тој претходно служел како проповедник и вршител на должноста егзарх во Литванија. Сега ќе продолжи да раководи со Литванската егзархија во епископски чин.
Егзархијата има свои почетоци во февруари 2023 година, кога Цариград прифати свештеници кои биле расчинети од Литванската епархија на Руската православна црква, која е канонска црковна власт во земјата.
Егзархијата официјално била основана и законски регистрирана во почетокот на 2024 година.
Извор: https://fosfanariou.gr/index.php/2026/05/27/anakoinothen-gia-tis-ergasies-tis-agias-kai-ieras-synodou-26-27-maiou-2026/ преку: https://orthochristian.com/177871.html
