Цариградската патријаршија го повика Митрополитот Тихик на сослушување во октомври

На 29 август годинава, Цариградската патријаршија одлучи во октомври да го сослуша Митрополитот на Пафос Тихик, од Црквата на Кипар, на основа на неговата црковна жалба против одлуката на Светиот Синодот на Црквата на Кипар со која беше разрешен од управувањето со епархијата, за што известивме.

Светиот Синод на Цариградската Патријаршија ја одржа својата редовна августовска седница на 29 август 2025 година, под претседателство на Цариградскиот патријарх Вартоломеј. На оваа седница, помеѓу останатото беше дискутирано за прашањето на апелациона жалба на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тихик, поранешен архијереј на Пафос, и беше одлучено тој да биде повикан и да се појави пред Светиот Синод на неговата следна седница – околу средината на октомври.

Извор: https://ec-patr.org/ανακοινωθέν-για-τις-εργασίες-της-αγία-43/