На 25 мај 2025 година, Претстоителот на Финската Православна Црква Архиепископ Хелсиншки и на цела Финска Илија учествуваше на литургија во храмот „Св. Георгиј“ во средиштето на Цариградската Патријаршија во Фанар. Архиепископот американски Елпидофор на Цариградската Патријаршија беше молитвено присутен на Литургијата. На службата учествуваа и поклоници од Финска, организирани од Финскиот екуменски совет, меѓу кои и бискупот на Хелсиншката католичка епархија Раимо Гојарола.
По завршувањето на службата, Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, им се заблагодари обрати на присутните, посакувајќи им добредојде и заблагодарувајќи им се за посетата.
Помеѓу останато, во своето обраќање Патријархот Вартоломеј рече:
„Навистина, во оваа јубилејна година на 318-те отци на Никеја, сите христијани имаат голема можност да ја обноват и повторно да ја достигнат богословската блискост и заемното познавање. Го користиме овој момент за да го повториме повикот што го упативме неодамна во епархијата Касерта во Италија, за време на посетата на базиликата Сан’Анџело ин Формис: ’Духот на Никеја треба да го прероди христијанското благовестие’.“
„Никеја е заедничкиот верски пример за сите христијани и истовремено образец за преобразбата на човештвото низ целата екумена.“
“По 1700 години од победата на апостолската вера на овој клучен собор, неговото значење за нашите заеднички напори – за постигнување на единството што Господ го вети таа ноќ кога се предаде за животот на светот – е поголемо од кога било.“
“Да го зграпчиме овој историски момент и да го шириме ова послание низ целиот христијански свет, за да го достигнеме посакуваното единство. Никеја ни поучува дека можно е да се најде пат преку различностите на догмите, традициите и заедниците кои ги делат помесните цркви. Одговорот е поблизок и поедноставен отколку што мислиме. Одговорот е љубовта.“
По богослужбата, беше организиран ручек, по што Патријархот Вартоломеј оствари посебна средба со Архиепископот Илија за да разговараат за тековните прашања во Православната црква на Финска.
Извор: https://www.ort.fi/ru/может-быть-найден-путь-преодолевающ/