Во своето обраќање по Божествената Литургија во Патријаршискиот храм во Истамбул, Турција, во неделата на 20 јули 2025 година, на која претстоеше Архиепископот Американски Елпидофор од Цариградската Патријаршија, Патријархот Вартоломеј, најостро го осуди ужасната авионското бомбардирање на Израел врз римокатоличката црква „Свето Семејство“ во Газа.
„Го осудуваме овој гнасен чин,“ рече Патријархот, „насочен против Црквата на Светото Семејство, која имаше посебно место во срцето на блаженоупокоениот папа Франциск, кој дури и за време на неговото болничко лекување секојдневно се јавуваше на свештеникот на таа заедница од почетокот на војната. Тоа беше напад не само врз храм, туку врз богослужбено место каде што стотици луѓе, без разлика на верската припадност, наоѓаа дом и прибежиште во ова време на страдања и тага.“
Патријархот Вартоломеј го замоли присутниот Римокатоличкиот Кардинал Њујоршки Џозеф Тобин, пристигна кој заедно со Архиепископот Елпидофор и со група православни и римокатолички верници од САД, да му ги пренесе најискрените сочувства на Римскиот Папа Лав XIV. „Ве молиме пренесете му на Неговата Светост дека ја подигнуваме нашата заедничка молитвена и јавна порака за итен прекин на огнот и завршување на оваа војна, и заедно Му се молиме на Царот на Мирот за упокојување на душите на невините жртви, за брзо оздравување на повредените и за утеха на нивните семејства“, додаде Патријархот.
Извор: https://ec-patr.org/ο-οικουμενικός-πατριάρχης-καταδίκασ/
