На 15 август 2026 година, на егејскиот остров Имврос беше прославен големиот Богородичен празник Успение на Пресвета Богородица, според григоријанскиот календар.
Цариградскиот патријарх Вартоломеј сослужуваше со Албанскиот Архиепископ Јован, во храм „Успение Богородично“, во сослужение со митрополитите Филаделфиски Мелитон и Мирски Хризостом.
На богослужбата присуствуваа и архијерејот-домаќин, митрополитот Имвроски и Тенедоски Кирил, свештенослужители, претседателот на Братството на архонтите на Цариградската Патријаршија и други видни личности.
На Литургијата беседеше митрополитот Филаделфиски Мелитон, а на крајот беше извршена литија со светата икона на Пресвета Богородица.
На певница, заедно со домашните псалти, пееја и членовите на хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кои во своето известување соопштуваат дека пееле стихови на повеќе јазици: македонски, албански, црковнословенски и грчки.
По богослужбата, членовите на хорот и играорците имаа заеднички настап во рамки на празничната програма, каде што испеаја повеќе песни и изиграа неколку традиционални ора.





















Извор: https://ec-patr.org/16/08/08/28/o-oikoymenikos-patriarchis-sta-agridi-2/ и https://www.facebook.com/share/r/1Dh51Np9yC/

