Цариградскиот патријарх Вартоломеј се сретна со Римскиот папа Лав XIV во Ватикан, во срдечна и братска атмосфера. Средбата се одржа во саботата, на 24 октомври, а во нејзиниот фокус беа прашања од заеднички интерес за двете Цркви, како и теми поврзани со предизвиците со кои се соочува современото човештво известува интернет страницата на Цариградската Патријаршија.
За време на средбата, Цариградскиот патријарх лично му ги пренел на папата своите срдечни братски желби за брзо и целосно закрепнување по неодамнешната хируршка интервенција. Папата Лав XIV му се заблагодарил на патријархот Вартоломеј за вниманието, поддршката и искрената загриженост за неговото здравје.
Посетата на Цариградскито патријарх на Италија се одвива во рамките на повеќе црковни и меѓухристијански настани. На 23 октомври, на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ во Рим, познат како „Анџеликум“, на патријархот му беше доделено почесно докторско звање по теологија, во знак на признание за неговиот придонес во екуменскиот дијалог.
Во продолжение на посетата, патријархот Вартоломеј е предвидено да учествува и на меѓународната средба за мир во Асизи, организирана од заедницата „Сант Еџидио“, под наслов „Разоружан и разоружувачки мир“. Средбата се одржува по повод 40-годишнината од историската молитвена средба за мир во Асизи, одржана во 1986 година на иницијатива на папата Јован Павле II.
Извор: https://ec-patr.org/24/10/13/55/egkardia-synantisi-oikoymenikoy-pat/ и https://angelicum.it/news/the-angelicum-to-award-honorary-doctorate-to-the-ecumenical-patriarch-of-constantinople/
