Цариградскиот Патријарх Вартоломеј и Албанскиот Архиепископот Јован престојуваа во Кападокија, Турција, на поклонение во родниот крај на големите отци на Православната Црква. Двајцата поглавари сослужуваа на Неделата на Слепиот, 17 мај 2026 година, во древниот Свет храм „Св. Теодор Тирон“, во Дерикнују.
На Божествената Литургија сослужуваа Високопреосвештениот Митрополит Анкирски Григориј и Преосвештениот Епископ Амантиски Игнатиј. По отпустот, Патријархот отслужи мал помен за упокоените во областа Кападокија, „и за оние што мирно се упокоиле, и за оние што маченички пострадале“.
На богослужбата присуствуваа Високопреосвештениот Митрополит Халкидонски Емануил, архонтите на Патријаршијата, лидерот на официјалната опозиција во Грција Никос Андрулакис – претседател на ПАСОК и други претставници на грчките власти, како голема група поклоници.
Албанскиот Архиепископ Јован престојуваше во Турција од 16 до 18 мај, во придружба на Преоствештениот Епископ Амантиски Игнатиј. На 16 мај, по своето пристигнување, имаше неформална средба со Патријархот Вартоломеј на која разговараа за актуелни прашања од заеднички интерес, како што пренесува официјалната интернет страница на Цариградската Патријаршија.






















