Чесната глава на свети Климент Охридски во Бугарија

На 4 октомври 2206 година, со свечен пречек на чесната глава на Свети Климент Охридски започна одбележувањето на шест црковни годишнини во Стара Загора, Бугарија: 155 години од основањето на епархијата, 130 години од изборот на првиот старозагорски митрополит Методиј и 100 години од раѓањето на блаженоупокоениот старозагорски митрополит Панкратиј, како и 50 години од раѓањето, 30 години од монашкото потстрижување и 10 години од устоличувањето на Неговото Високопреосвештенство старозагорскиот митрополит д-р Кипријан.

Светите мошти беа донесени од грчкиот манастир „Св. Јован Крстител“ покрај Бер (Верија) пред зградата на Обласната управа, од каде што тргна и литија до соборниот храм „Св. Никола“, каде што беше отслужена празнична вечерна богослужба. Црквата остана отворена сè додека сите верници не се помолија пред светата мошт за здравје и благосостојба.

Во литијата учествуваа и дел од гостите кои пристигнаа во градот за свеченостите: Неговото Високопреосвештенство Доростолскиот митрополит Јаков, нивните Преосвештенства Величкиот епископ Сиониј, Велбуждскиот епископ Исак, Маркијанополскиот епископ Богослов, Драгoвитискиот епископ Василиј, свештенослужители и други.

На настанот присуствуваа и претставници од локалната и централната власт на Бугарија.

Информации за светите мошти

Моштите на свети Климент Охридски пристигнуваат од грчкиот манастир „Св. Јован Крстител“, кој се наоѓа на неколку километри од градот Бер (Верија), во близина на Солун. Манастирот е древен монашки центар. Тој е познат и почитуван не само поради светителите кои живееле во него, туку и поради моштите на свети Климент Охридски.

Најголемиот дел од моштите на свети Климент Охридски се наоѓаат во Македонија. Тие се чуваат во манастирот „Св. Пантелејмон“ во Охрид.

Постојат две преданија за тоа како главата на светителот се нашла во грчкиот манастир „Св. Јован Крстител“. Според едното, грчки монаси ја украле и ја однеле во Грција. Според другото, самиот светител посакал неговата глава да се врати на местото каде што бил потстрижан за монах.

Извор: https://mitropolia-starazagora.bg/стотици-посрещнаха-честната-глава-на/