Неговата Светост, Московскиот и на сета Рус Патријарх Кирил, го честиташе на Неговото Блаженство, Патријархот на Ерусалим Теофил III, годишнината од неговата интронизација.
Содржината на писмото од 22 ноември годинава, ја објави интернет страницата на Московската патријаршија.
До Неговото Блаженство, Блаженејшиот Теофил III,
Патријархот на светиот град Ерусалим и цела ПалестинаВаше Блаженство, возљубен во Господа брате и сослужител пред Божјиот престол!
Од сè срце Ви ја честитам годишнината од Вашата патријаршиска интронизација.
Со премудрата Промисла на Семоќниот, пројавена преку изборот на Вашите браќа архијереи, Вие бевте поставени да ја водите Црквата на Господа и Бога (Дела 20, 28) на земјата осветена од стапките на нејзиниот Небесен Основач. Во многуте години од оваа тешка служба, Вие станавте возљубен отец за верниците, кои преку Вашиот личен пример и евангелската проповед ги повикувате да живеат живот во секоја побожност и чистота (1 Тим. 2, 2).
Молитвено Ви посакувам мир, цврсто здравје, духовна радост и изобилна Божја помош во Вашите идни архипастирски трудови.
Со братска љубов во Господа,
+Кирил
Патријарх Московски и на сета Рус
Извор: http://www.patriarchia.ru/db/text/6173053.html преку: https://www.orthodoxianewsagency.gr/patriarxeia/patriarxio_mosxas/mosxas-se-ierosolymon-ola-ta-xronia-tis-dyskolis-diakonias-sas-entharrynete-tous-pistous-me-to-paradeigma-sas/