Од името на целата Српска Православна Црква, Неговата Светост Српскиот Патријарх Порфириј го поздрави Блаженејшиот Митрополит Онуфриј по повод десетгодишнината од неговото востоличување на престолот на Киевските Митрополити. Ова го соопштува Информативниот и просветниот оддел на УПЦ.
„Соборната Црква, водена од Светиот Дух, преку Кого ја примивте благодатта на апостолството (Рим. 1, 5), Ви ја довери службата на Претстоител, за постојано да ја заштитувате Црквата и народот“, стои во поздравното слово на Претстоителот на Српската Православна Црква.
Неговата Светост истакна дека во текот на изминатата деценија Блаженејшиот Митрополит Онуфриј неуморно се грижи за потребите на своето паство и во големите страдања и тешкотии ги вдахновува верните со зборови на вистината.
Исто така, Патријархот Порфириј напомена дека архијерејското и животното искуство на Неговото Блаженство е исклучително вредно.
„Во соборната радост на целата Црква, заедно со Светиот Онуфриј, небесниот покровител и заштитник на Вашето Блаженство, упатуваме молитви до Семилосрдниот Господ да го благослови Вашиот многустрадален народ и да Ви подари здравје на телото и духот, на радост на благочестивото свештенство и од Бога довереното Ви паство. Долг живот, Блаженејши Владико, на многу и добри години!“, посака Српскиот Патријарх.