Четиринаесетта седница на Собранието на Православните епископи во САД

Четиринаесетатта редовна седница на Собранието на канонските православни епископи во Соединетите Американски Држави се одржа во Денвер, Колорадо, САД, од 6 до 8 ноември 2025 година. Собранието го сочинуваат епископи од повеќе јурисдикции во САД: Цариградска, Антиохиска, Московска, Српска, Романска, Бугарска и Грузиска Патријаршија, како и Православната Црква во Америка. Од ова собрание отсутвуваа епископите од Руската Православна Црква.

Настанот започна на 6 ноември, во Антиохиската православна црква „Св. Лука“ во Ери, Колорадо, која беше домаќин на вечерната богослужба и приемот. Митрополитот Сава од Антиохиската Патријаршија началствуваше со вечерната, на која присуствуваа повеќе од четиристотини верници од поширокиот регион.

Потоа беа прочитани извештаите од шесте агенции на Соборот: Меѓународната православна христијанска добротворна организација, Православниот мисионерски центар, Православните затворски служби, Православната христијанска заедница, Православниот волонтерски корпус и Министерството за православна младина и млади возрасни.

На 7 ноември, епископите се состанаа во седиштето на Грчката митрополија на Денвер за да ги слушнат извештаите и предлозите од комитетите и службите на Соборот, како и за да ги спроведат редовните административни работи.

Главната тема на седницата беше приливот на обратеници кон Православието и заедничка стратегија за нивен прием во Црквата, претставена од Митрополит Сава, потпретседател на Соборот. Неговото Високопреосвештенство изјави: „Растот на обратениците придонесе Православието да стане позната религија во Америка; навистина, сега сведочиме забрзан раст – некои дури го нарекоа и поплава… ‘Еве, сега е времето благопријатно’ (2Кор. 6, 2), вели светиот апостол Павле. Да не го пропуштиме овој момент на благодат.“ По живата и продуктивна дискусија, Соборот ја задолжи Комисијата за богословско образование да формира работна група што ќе предложи заедничка катихетска содржина за одобрување на идната средба.

Епископите се осврнаа и на актуелните глобални проблеми. Соборот повика на веднаш прекинување на непријателствата каде и да беснее војна, и ги повика сите да се молат за мир и разум во тие погодени региони. Епископите ги охрабрија верните да дадат помош – и преку добротворни прилози и преку молитва за оние во потреба.

Во сабота, на 8 ноември, беше отслужена заедничка Божествена Литургија во грчката православна црква „Св. Екатерина“ во Гринвуд Вилиџ. Началствуваше Архиепископот Елпидофор од Цариградската Патријаршија во сослужение со тринаесет епископи, четворица свештеници и четворица ѓакони. Во својата беседа, Архиепископот Максим од Српската Православна Црква рече: „Чествувајќи ги денес ангелите и архангелите, ние примаме порака и испраќаме порака до целиот свет дека постоењето на невидливите сили е исполнување – или довршување – на целокупниот лик на ова прекрасно создание.“

Извор: https://www.assemblyofbishops.org/news/2025/aob-xiv-press-release