Црква на Кипар: нов устав и избор на нов Митрополит на Пафос

Светиот Синод на Црквата на Кипар од 18 до 20 мај 2026 година заседаваше под претседателство на Архиепископот Кипарски Георгиј – известува интернет страницата на Црквата на Кипар.

Синодот едногласно го одобри Новиот Устав на Црквата. Потоа донесе одлука за започнување на постапката за избор на нов Митрополит на Пафос, по разрешувањето на претходниот Митрополит Тихик, за што известивме.

Во официјалното соопштение се наведува дека заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат предвидените услови ќе можат лично и писмено да поднесат изјава за интерес за пополнување на митрополитскиот трон на Светата Митрополија Пафос. Пријавувањето ќе се врши во Главниот секретаријат на Светиот Синод на 21, 22 и 25 мај 2026 година, во периодот од 07:00 до 13:30 часот.

Според членот 30 од новиот Устав, право на избор за архијерејска служба имаат неженети клирици — презвитери или ѓакони — како и монаси, кои поседуваат диплома од признат православен богословски факултет, имаат најмалку десет години успешна служба како клирици или монаси и имаат наполнето 35 години возраст.

Извор: https://churchofcyprus.org.cy/105274