Црквата на Чешките земји и Словачка изрази загриженост поради прогонот на Украинската Црква

Светиот Синод на Православната Црква во Чешките земји и Словачка, кој заседаваше на 11 ноември во Братислава под претседателство на Неговото Блаженство Архиепископот Прешовски и Митрополит на Чешките земји и Словачка г.г. Растислав, повторно изрази длабока загриженост поради систематскиот правен и физички прогон на верниците, свештенството и архијереите на Украинската Православна Црква, информира Прес-службата на Канцеларијата на Прешовската православна епархија.

Во своето соопштение, Синодот „изрази солидарност со сите кои страдаат како последица на верските тензии во Украина, и истовремено ја нагласи неопходноста од почитување на основното човеково право на слобода на вероисповед“. Според членовите на Синодот, слободата на верата е неразделен дел од достоинството на човекот и мора да биде заштитена без оглед на политичките или воените околности.

Ставот на Светиот Синод доаѓа во време кога во Украина продолжуваат спорoвите меѓу верниците и државните органи во врска со законот кој ја ограничува дејноста на канонската Украинска Православна Црква. Многу свештенослужители беа приведени, манастирите и храмовите се соочуваат со административни интервенции, а неколку епархии беа изложени на притисок да преминат под структурата на ПЦУ (Православна Црква на Украина, чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија).

Извор: https://www.eparchiapo.sk/sk/dokumenty/aktuality/spravodajstvo/mimoriadne-zasadnutie-posvatnej-synody-v-bratislave преку: https://svazpn.cz/cz/news/86937-synod-pczs-vyjdil-znepokojen-nad-pronsledovnm-upc