Црквата на Кипар усвои план за економска помош на повеќедетни семејства

Кипарската Архиепископија, сакајќи да придонесе за ублажување на демографскиот проблем, кој се очекува да стане втор национален проблем на Кипар, одлучи да создаде програма за поддршка на семејствата кои имаат повеќе од три деца – известува интернет страницата на Црквата на Кипар.

Според сегашната и предвидената економска состојба на Кипарската Архиепископија, во комбинација со наодите од студијата за одржливост на изработениот план, Архиепископијата ќе може да одвојува, во периодот од 2025 до 2029 година, износи кои ќе се движат од 1.800.000 евра до 2.800.000 евра годишно.

По 2029 година, во зависност од наодите од првата евалуација на ефективноста на Планот и под услов целите на Планот да ги донеле очекуваните резултати, се очекува секој годишен износ на расходи да се зголемува пропорционално во согласност со бројот на децата кои се корисници на програмата.

Илустративно, доколку се оцени дека Планот ги постигнал минималните цели, се предвидува дека во 2039 година годишниот износ на расходи ќе изнесува 9.100.000 евра, а вкупниот износ на расходи ќе достигне 71.756.118 евра.

Врз основа на овие можности, изготвена е експертска одржлива програма, според која секоје дете-корисник ќе добива:

* 1.500 евра при крштевање, 1.000 евра при запишување во основно училиште.

* 1.000 евра при запишување во средно училиште, 1.000 евра при запишување во гимназија.

* Покрај тоа, до 18-годишна возраст, секое дете-корисник ќе добива 100 евра во купони секој Божик и 100 евра во купони за Велигден.

Програмата ќе се применува ретроактивно за 3 или повеќе деца родени од 1 јануари 2025 година, согласно условите наведени подолу.

„Сведоци сме дека овие износи не се доволни за покривање дури ни на основните потреби на едно дете. Сепак, се надеваме дека во иднина ќе можеме да ја зголемиме нашата поддршка“ – завршува известувањето од Црквата на Кипар.

Извор: https://churchofcyprus.org.cy/101889