Критската Црква објави соопштение за изборот на двајца нови митрополити.
Светиот Епархиски Синод на Црквата на Крит заседаваше во среда, 28 јануари оваа година, во Ираклион, на вонредна синодска седница, во присуство на сите членови, како и со учество на Нивните Високопреосвештенства Митрополитот Халкидонски г. Емануил и Митрополитот Австриски г. Арсениј (од Цариградската Патријаршија), согласно членовите 3, 10 и 21 од Законот 4149/1961 „За Уставот на Православната Црква на Крит“.
Светиот Синод, по спроведено канонско гласање, во митрополитскиот храм „Свети Мина“ во Ираклион, пристапи кон избор на нови митрополити на митрополијата на Кидонија и Апокорону, како и на митрополијата на Ламби, Сивриту и Сфакија.
За митрополит на Кидонија и Апокорону беше избран преподобниот архимандрит Тит Тамбакакис, протосингел на митрополијата на Петра и Херсонисос, а за митрополит на Ламби, Сивриту и Сфакија беше избран преподобниот архимандрит Јоаким Карандинoс, протосингел на митрополијата на Гортина и Аркадија.
Наречението на избраниот митрополит на Кидонија и Апокорону г. Тит ќе биде на 6 февруари оваа година, во 18:00 часот, во митрополитскиот храм „Свети Мина“ во Ираклион, а епископската хиротонија ќе се изврши во сабота, 7 февруари во истиот митрополитски храм.
Наречението на избраниот митрополит на Ламби, Сивриту и Сфакија г. Јоаким ќе биде дадено на 14 февруари оваа година, во 18:00 часот, во митрополитскиот храм „Свети Мина“ во Ираклион, а епископската хиротонија ќе се изврши во недела, 15 февруари во истиот митрополитски храм.
