Безбедносната служба на Украина на 2 јули 2025 година објави дека Владимир Зеленски потпишал указ со кој му се одзема украинското државјанство на Претстоителот на Украинската Православна Црква, Блаженејшиот Митрополит Киевски Онуфриј, за што известивме. Според соопштението на специјалната служба, оваа одлука е донесена врз основа на наводот дека поглаварот на Украинската Православна Црква во 2002 година добил руски пасош. Притоа, не беа приложени никакви докази, а Украинската Православна Црква категорично ги демантираше овие тврдења и официјални изјави дека Митрополитот Онуфриј нема друго државјанство освен Украинското.
Сега Црногорските медиуми објавија докази дека неколку епископи од ПЦУ (Православната Црква на Украина, чија автокефалија е признаена од Цариградската Патријаршија) всушност имаат руско државјанство и руски пасоши, и прашуваат дали сега украинските власти и ним ќе им го одземат украинското државјанство?
Се работи за следните епископи на ПЦУ:
1. Симферополскиот Климент (со граѓанско име Павел Николаевич Куш),
2. Славјанскиот Всеволод (Владимир Павлович Матвијевски),
3. Богородски Адријан (Валентин Јегоровичн Старина).
Медиумот пишува дека Црна Гора не е рамнодушна по ова прашање заради неколку причини. Првата е стравувањето дека преседанот на ПЦУ може да стане пример и во други земји за прогон на канонската Православна Црква. Потоа, потсетува дека Украинската Православна Црква ја поддржа Црногорско-приморската Митрополија кога властите врз неа вршеа притисоци. Третата причина е што за ПЦУ се вели дека одржува блиски односи и му помага на лидерот на тнр. „Црногорска Православна Црква“ која ѝ се спротивставува на канонската Црква во Црна Гора.



