Делегација на Бугарска Црква во Грузија по повод изборот на нов Католикос-Патријарх

По одлука на Светиот Синод, во периодот од 16 до 19 мај годинава, бугарска црковна делегација ќе го посети Тбилиси, Грузија, каде што ќе учествува во соборното богослужение по повод изборот и интронизацијата на новоизбраниот Грузиски католикос-патријарх Шио III. Делегацијата ќе биде во состав: Нивните Високопреосвештенства Варненскиот и Великопреславски митрополит Јован и Врачанскиот митрополит Григориј, со лица што ги придружуваат – известува интернет страницата на Бугарската Православна Црква.

Неговата Светост, Католикос-патријархот на Грузиска православна црква Шио III, беше избран за претстојател на древната Црква на 11 мај во катедралниот храм „Света Троица“ во Тбилиси. Неговата интронизација на патријаршискиот престол се одржа на 12 мај.

Патријархот Шио III е 142-риот претстојател на Грузиска православна црква. Тој го наследува на престолот патријархот Илија II, кој се упокои во Господа на 93-годишна возраст. Покојниот патријарх беше меѓу најпочитуваните православни духовници, придонесувајќи како за единството на Грузиската црква, така и за духовната преродба на грузискиот народ.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/balgarska-tsarkovna-delegatsia-shte-poseti-gruzia-po-povod-i