На 28 септември 2026 година, со благослов на Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Рус Кирил, висока делегација на Руската Патријаршија, предводена од претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, Волоколамскиот митрополит Антониј, пристигна во Грузија.
Гостите ги прими Неговата Светост и Блаженство, Католикос-Патријархот на цела Грузија, Архиепископот на Мцхета и Тбилиси и Митрополитот на Бичвинта и Цхум-Абхазија Шио III.
Гостите му го честитаа на поглаварот на Грузиската Црква неговото устоличување за патријарх и лично му ја пренесоа честитката од Патријархот на Руската Црква. Тие му се заблагодарија на Католикос-Патријархот на цела Грузија за приемот.
На средбата присуствуваа: викарниот епископ на Католикос-Патријархот на цела Грузија, Ахалцихскиот и Тао-Кларџетскиот митрополит Теодор (Чуадзе), Зугдидскиот и Цаишкиот митрополит Герасим (Шарашенидзе), Горискиот и Атенски митрополит Андреј (Гвазава), Никорцминдскиот епископ Вахтанг (Липартелиани), протопрезвитерот на Грузиската Православна Црква Георги Звиададзе, секретарот на Католикос-Патријархот на цела Грузија, протојерејот Михаил Ботковели, и раководителот на Службата за односи со јавноста на Патријаршијата, протојерејот Андреј Џагмаидзе.
На средбата страните разговараа за односите меѓу двете земји. Особено внимание беше посветено на состојбата во чувствителните региони, како и на тоа што може да се направи за да се изнајдат начини со кои на Грузиската Православна Црква ќе ѝ биде овозможено да воспоставува односи со локалното население – известува службата за односи со јавност на Грузиската Патријаршија.

