Делегација на Московската Патријаршија учествува на седницата на Централниот комитет на „Светскиот совет на цркви“ во Јужна Африка

На 18 јуни во Јоханесбург, Јужноафриканска Република, започна седницата на Централниот комитет на „Светскиот совет на цркви“.

Делегацијата на Московската Патријаршија, која учествува на седниците на комитетот, ја предводи претседателот на Одделот за надворешни црковни односи  на Московската Патријаршија, митрополитот Волоколамски Антониј. Во составот на делегацијата се и претставникот на Руската Православна Црква при Светскиот совет на цркви и меѓународните организации во Женева, протојереј Михаил Гундјаев, секретарот на Одделот за меѓухристијански односи – јеромонахот Стефан (Игумнов), како и вработената во Одделот, М.Б. Њељубова.

На седницата на Централниот комитет на Светскиот совет на цркви, која се одржува еднаш на секои две години, учествуваат претставници од 352 цркви и организации-членки на Советот. На дневниот ред се: разгледување на резултатите од работата на тематските комисии на Советот во изминатиот период, подготовки за Соборот во 2030 година, како и дискусии за актуелни прашања поврзани со меѓухристијанска соработка, хуманитарни активности, мировни иницијативи и општествени прашања.

Извор: https://mospat.ru/ru/news/93339/