На крајот од октомври 2025 година, со благослов на Неговото Блаженство Митрополит Вашингтонски г.г. Тихон, архимандритот Александар Маргеритино од Православната Црква во Америка, изврши официјална посета на Црквите на Романија и на Чешките земји и Словачка.
На 24 октомври, со благослов на Романскиот Патријарх Даниел, отец Александар отпатува во Букурешт заедно со д-р Јонуц-Александру Тудорие, декан на Православната богословија „Свети Владимир“, со цел да присуствува на осветувањето на моизаиците на Националната катедрала на празникот на свети Димитриј Мироточив. Посетата обезбеди можност Православната Црква во Америка да биде претставена на овој историски настан и му овозможи на отец Александар да се сретне со различни претставници на Романската Православна Црква.
Во сабота, 25 октомври, отец Александар и д-р Тудорие беа примени во Романската Патријаршија на средба со Преосвештениот епископ Варлаам Плоештски, викар на Патријархот и секретар на Светиот Синод, претставник на Патријархот Даниел. Разговорот беше фокусиран на животот на двете Цркви. Темите го вклучуваа неодамнешното канонизирање на света Олга од Алјаска и други нови светители, како и одлуката на Романската Православна Епископија на Америка да го започне процесот за канонизација на архимандрит Роман Брага, што ќе биде разгледано од Светиот Синод на неговата претстојна ноемвриска седница, како и можната соработка со Романската Патријаршија.
Потоа, на 28 октомври, отец Александар замина од Букурешт за Кошице, Словачка, за да го започне вториот дел од своето патување. Таму беше пречекан од Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Георгиј на Кошице и Михаловце.
На 30 октомври, отец Александар беше придружуван од Архиепископ Георгиј во Прешов на прием кај Неговото Блаженство Митрополитот Ростислав, поглавар на Православната Црква во Чешките земји и Словачка. Отец Александар ги пренесе поздравите од Митрополит Тихон и од Православната Црква во Америка, и во име на Митрополит Тихон, му подари на Митрополит Ростислав мошти од неодамна канонизираната света Олга од Алјаска, чие почитување брзо се шири низ Црквата во Чешките земји и Словачка. Неговото Блаженство изрази длабока благодарност за дарот и ја истакна важноста од продолжување на братските односи и взаемните посети меѓу двете Цркви. Разговорот опфати теми од заеднички интерес, развојот во светското православие, можни идни поклонички патувања и заедничката историја што ги поврзува двете Цркви.
По приемот, отец Александар ја посети катедралата „Св. Александар Невски“, Богословскиот факултет на Универзитетот во Прешов и Семинаријата.









Извор: https://www.oca.org/news/headline-news/oca-delegation-visits-churches-in-romania-and-slovakia
