Делегација од Цариградската патријаршија се сретна со Бугарскиот патријарх Даниил

На 12 март 2026 година Неговата Светост Бугарскиот патријарх Даниил, во просториите на Софиска митрополија прими делегација од Цариградската патријаршија во состав: Високопреосвештени митрополити Емануил Халкидонски и Кирил на Имброс и Тенедос и Високопреподобен архимандрит Аетиј, шеф на кабинетот на Цариградскиот патријарх Вартоломеј. Од страна на Бугарската Црква, покрај Патријархот, на средбата учествуваа и Високопреосвештениот митрополит Серафим Неврокопски и Преосвештениот епископ Јоан Браницки, прв викарен епископ на софискиот митрополит – известува Бугарската патријаршија.

Во текот на разговорот гостите го пренесоа срдечниот братски поздрав од Неговата Светост Цариградскиот патријарх Вартоломеј до Бугарскиот патријарх и се потсетија на прекрасните моменти од мирната посета на патријархот Даниил во Фанар во декември минатата година. Беше истакнато значењето на меѓусебното општење во името на единството на светата Православна Црква.

„Делегацијата го запозна претстојателот на Бугарска Православна Црква со претстојните чествувања по повод 35 години патријаршиска служба и 65 години од ракополагањето во ѓаконски чин на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кои ќе се одржат на островот Имброс – родното место на патријархот. Средбата помина во дух на срдечност и братско заедничарење во Христа“ – се вели во соопштението од Бугарската Православна Црква.

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/balgarskiat-patriarh-prie-delegatsia-ot-vselenskata-patriars