На 30 април 2026 година, Неговото Блаженство Патријархот Романски Даниил, во својата резиденција, ја прими делегацијата од Цариградската Патријаршија, во состав: Негово Високопреосвештенство митрополит Емануил Халкидонски и архимандрит Аетиј Никифорос.
Патријархот Даниил им посака добредојде на гостите во Романската Патријаршија и ги истакна долгогодишните пријателски односи меѓу Романската Православна Црква и Цариградската Патријаршија. Митрополитот Емануил изрази благодарност за приемот и ја нагласи важноста на дијалогот и соработката меѓу сестринските Православни Цркви.
За време на средбата, двајцата архијереи разговараа за прашања од заеднички интерес за двете патријаршии. Тие се осврнаа и на неколку јубилејни настани планирани за 2026 година во рамките на Цариградската Патријаршија.
На крајот од средбата, Патријархот Даниил упати благодарност до Патријархот Вартоломеј и до Светиот Синод на Цариградската Патријаршија за канонизацијата на четворица романски светогорски светители во 2025 година, за што известивме (тука и тука). Тој ја истакна важноста на овој чин за зацврстувањето на духовните врски меѓу Романската Православна Црква и Света Гора, како и за целото Православие.
Извор: https://basilica.ro/en/patriarch-daniel-metropolitan-emmanuel-chalcedon-meeting/
