Демант од Синајскиот Архиепископ

Манастирот Света Екатерина на Синајската гора издаде соопштение во кое го демантира објавеното на порталот „Вима ортодоксиас“ на 7 август, дека Коптската црква се обидува да го заплени манастирскиот имот.

Неговото Високопреосвештенство Синајскиот Архиепископ г. Дамијан ја даде следната изјава:

Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Дамијан, игумен и претставник на манастирот Света Екатерина, категорично негира каква било поврзаност со веста објавена на интернет порталот vimaorthodoxias.gr на 7 август 2024 година.

Тој, исто така, негира каква било вмешаност на Коптската црква во работите со имотите на манастирот што моментално се шири како информација.

Треба да се напомене дека врската помеѓу манастирот Света Екатерина и нејзиниот претстоител и Коптската црква и Неговата Светост Коптскиот Папа е силна и се одликува со соработка и пријателство.

Извор: https://orthochristian.com/162825.html