Свештената општина на Света Гора објави соопштение во кое целосно ги демантира гласините дека бил одржан вонреден собор на светогорските манастири на кој се гласало за доаѓањето на полициски сили со цел да се изврши акција за насилно изгонување. Во соопштението не е наведено конкретно, а станува збор за гласините кои беа проширени дека се подготвува насилно протерување од Света Гора на монасите од стариот манастир Есфигмен. Свештената општина на Света Гора ги демантира тие гласини преку соопштението кое во продолжение го пренесуваме во целост.
Света Општина на Света Гора – Атос
Број на протокол Ф.2/34/1612Кареа 19 јули / 1 август 2024
Соопштение од Свештената Општина на Света Гора
По последните објави во јавноста за влегувањето на доволен број полицајци и тешки возила за да се изврши акција за иселување од просторот на Светогорската заедница, нашата Света општина целосно ги демантира објавите дека е свикан на вонреден собир и имало гласање, како и останатите гласини во врска со горенаведеното.
Сите претставници и претстоители
на дваесетте свети манастири на Светата Гора Атос.