Илјадници луѓе во Грузиската престолнина Тбилиси, во саботата на 17 мај годинава, се приклучија на поворката по повод Денот на светоста на семејството. Колони со икони и грузиски знамиња се упатија од булеварот Руставели кон катедралниот храм на Света Троица.
Претходно, празничната богослужба во црквата Кашвети ја предводеше местобљустителот на патријаршискиот трон, Митрополитот Шио. Тој ги повика присутните да размислат за поимот семејство и неговото значење. „Тоа е најголемата вредност и богатство што Бог му го подарил на човештвото“ – рече Митрополитот. Според него, тоа е особено важно денес, кога „се води целна борба против традиционалното семејство“. Подоцна, друга важна тема во неговата проповед беше гревот на абортусот и потребата од „законско регулирање на ова прашање“.
Денот на светоста на семејството е воспоставен во 2014 година на иницијатива на Католикос-Патријархот на цела Грузија г.г. Илија. Премиерот Иракли Кобахидзе изјави дека овој марш, меѓу другото, е „одраз на решеноста на грузискиот народ цврсто да ги брани традиционалните вредности до крај“.
Освен во Тбилиси, црковни поворки се одржаа во уште 10 града низ Грузија, и насекаде беа масовни, известуваат грузиските медиуми.








Извор: https://www.newsgeorgia.ge/den-svjatosti-semi-v-tbilisi-ikony-flagi-i-protest-u-parlamenta/