Повеќе од триесет жители на селото Нтуи, во централниот дел на Камерун, беа примени во Православната Црква на 25 април, во новата парохија на Африканскиот егзархат на Руската Православна Црква, посветена на свети Николај Чудотворец.
Отец Павле Атангана и отец Герман Мбарга, настојатели на Централниот и Западниот црковен округ на Камерун, соодветно, крстија 25 лица, а уште 12 беа примени во Црквата преку Светата Тајна Миропомазание, соопштува Егзархатот.
По примањето, свештениците отслужија Божествена Литургија, за време на која новокрстените за првпат се причестија со Светите Тајни. На новите членови на Црквата им беа подарени икони и молитвеници.
Во парохијата на Свети Николај продолжува катихетската настава и за други огласени кои сакаат да ја прегрнат православната вера.





