Благодарение на напорите на студент од Санктпетербуршката теолошка академија, дневниот циклус на богослужби е преведен и објавен на свахили јазикот.
Работата ја изврши архимандрит Захарија (Мулингуа) од Танзанија, а книгите беа објавени во Курск, пренесува Африканскиот егзархат на Руската православна црква.
Дневниот циклус на богослужби вклучува: вечерна служба, мало повечерие, полуноќница, утрената, први час, трети час, шести час, света Литургија и деветти час.
На почетокот на овој месец, о. Захарија се врати во Танзанија и го дистрибуираше изданието во црквата „Св. Никола“, во регионот Ирингa, и во Образовниот центар Кисараве.
На тој начин, танзаниското свештенство и парохјаните од Африканскиот егзархат за првпат беа во можност да го отслужат дневниот богослужбен циклу на мајчин јазик.
Претходно, кон крајот на 2020 година, Мисионерското здружение, кое се наоѓа во манастирот „Св. Дионисиј“ во Олимп, Грција, објави дека најнеопходните литургиски текстови, вклучувајќи ги: Минејот, Октоихот, Часословот, Требникот и многу други, се преведуваат на свахили. Во тоа време, неколку литургиски текстови веќе беа преведени, вклучувајќи ја светата Литургија, малото повечерие и Богородичните химни.
О. Захарија од Егзархатот, исто така, го преведе Евангелието според Марко со патристички коментари, кое беше објавено во пролетта.
Извор: https://exarchate-africa.ru/novosti/perevedeny-bogosluzheniya-sutochnogo-kruga-na-suahili/ преку: https://orthochristian.com/162855.html