Договор за користење на комплексот на Сиропиталиштето на Принкипо

Цариградската Патријаршија, во рамките на својата долгогодишна грижа за зачувување на историјата на комплексот на грчкото сиропиталиште на турскиот остров Принкипо, на 15 јуни 2026 година, пристапи кон потпишување договор со цел негово управување и користење – известува Цариградската Патријаршија.

Договорот беше потпишан од Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, и г. Сердар Билгили, претседател на групацијата „Билгили холдинг“, водечка компанија во Турција во областа на инвестициите во недвижности, во присуство на г-ѓа Костанца Сбоку-Константакопулу, како претставник на „Енсофи холдинг“, пионерска грчка компанија која се занимава со одржлив туристички развој и инвестиции во недвижности. Патријаршија и овие две компании соработуваат за остварување на оваа значајна цел.

Грчкото сиропиталиште, кое првично било изградено за да го смести хотелот „Принкипос Палас“, преминало во сопственост на Цариградската Патријаршија во 1903 година, по донацијата на големата добротворка, блаженоупокоената Елена Зарифи. Тоа функционирало како сиропиталиште и дом за згрижување деца до 1964 година, кога било затворено со одлука на надлежните државни власти.

Во 2010 година, по тужбата поднесена од Цариградската Патријаршија, Европски суд за човекови права го призна правото на сопственост на Патријаршијата врз имотот, кое претходно било правно оспорувано во Турција. Одлуката на Судот претставуваше почеток на напорите на Патријаршијата за изнаоѓање на најсоодветно решение за спасување на овој историски објект, единствениот за кој Патријаршијата располага со имотни листови издадени директно на нејзино име.

Извор: https://ec-patr.org/15/06/21/44/symfonia-gia-tin-axiopoiisi-toy-sygkr/