На 11 јуни оваа година, Претстоителот на Грузиската православна црква го објави следното сооштение:
Со голема радост ја примивме веста дека денес на аукцијата на Кристи во Грузија е купен палимпсест, кој вклучува, од една страна, материјал препишан на арамејски јазик од V-VII век, претежно библиски и аскетски фрагменти, што е од големо значење за проучување на историјата на текстот на Светото Писмо; а од друга страна, литургиски текстови препишани од големиот литургичар Јован Зосима во 979 година на Синајската Гора, кои се од исклучителна вредност за историјата на грузиската црковна литература.
Особена благодарност искажуваме на г-дин Бидзина Иванишвили, кој, покрај многуте јавни дела, го збогати нашето културно наследство со овој важен ракопис.
Бог нека го благослови неговиот голем добротворен придонес за доброто на нашата света црква и татковина.
Илија II
Католикос-Патријарх на цела Грузија,
Архиепископ на Мцхета-Тбилиси
и Митрополит на Бичвинта и Цхум-Абхазија