Двајца американски војници од КФОР крстени во манастирот Драганац

Двајца американски војници од КФОР беа крстени на Велика Сабота на Косово и Метохија, во манастирот Драганац, каде што ги крсти епископот Новобрдски Иларион од Српската Православна Црква. Богослужбата беше одржана на англиски јазик.

Како што се наведува, станува збор за Американци кои се на служба во воената база Бондстил кај Урошевац.

„Владиката Иларион на Велика Сабота во манастирот Драганац на Косово ги крсти слугите Божји Сава и Симеон“, се наведува во објавата на ТВ Храм на Инстаграм.

Тие одлучиле да го примат православието по посетите и присуството на богослужби во српските светињи на Косово и Метохија.

Извор: https://www.politika.rs/scc/clanak/746860/dvojica-americkih-vojnika-kfora-krstena-u-manastiru-draganac