Ефрем, митрополитот на Алепо: Жителите почнаа да се враќаат – преовладува  спокојството

Во Алепо, Сирија, преовладува  спокојството, а луѓето вообичаено се движат по градските улици, како што за thestival.gr раскажа митрополитот на Алепо и Александретa, Ефрем.

Изминатите неколку дена беа многу тешки, истакна тој, бидејќи жителите на Алепо, плашејќи се што ќе се случи кога бунтовниците ќе влезат во градот, побегнаа набрзина. Сепак, според митрополитот, жителите сега почнале да се враќаат.

„Ние сме добро, а и митрополијата е добро. Луѓето почнаа да се враќаат во Алепо, бидејќи побегнаа во првите денови, во првите моменти на страв од ситуацијата. Бевме згрижени и несигурни што ќе се случи со нас христијаните кога бунтовниците ќе влезат и ќе ја преземат контролата над градот. Но, сега сето тоа се разјасни и веќе не сме загрижени. Секако, чекаме да видиме што ќе се случи, но воопшто не сме загрижени, бидејќи нѐ уверија дека нема да ни наштетат ниту нам, ниту на некој друг“ –  рече митрополитот Ефрем.

Во Алепо владее „целосна смиреност“ – забележа тој. Сепак, рече и дека „голем метеж преовладува во другите градови“.

„Не знаеме што ќе се случи –  има кражби, убиства и голема вознемиреност, особено во Дамаск“ –  рече тој, додавајќи дека во Алепо првично имало полициски час кога влегле бунтовниците, но сега движењето во градот не е ограничувано. Наспроти тоа, Дамаск, главниот град на Сирија, од вчера е под полициски час.

Најголемиот проблем во Алепо денеска, според митрополитот, е недостатокот на готовина поради неработењето на банките и поскапувањето на артиклите.

„Ни недостига готовина, бидејќи сите банки престанаа со работа, вработените не земаат плата и сл. Цените, се разбира, се зголемени. Производи и храна има, но на луѓето им недостасуваат пари, како да ги купат?“ –  истакна митрополитот Ефрем.

Извор: https://vema.com.au/metropolitan-of-aleppo-residents-have-begun-to-return-calm-prevails/